САД ja повикуваат Кина да не им вади органи на затворениците

Надворешнополитичкиот одбор на Претставничкиот дом на Конгресот (општината) САД во средата со резолуција ја повика Кина веднаш да престане со „државно-одобреното“ земање органи за трансплантација од затвореници.

Кина одговорила дека е тоа „лажно и неодговорно обвинување“.

Групите за човекови права одамна ја критикуваат Кина за земање органи од погубените затвореници што е извор за поголемиот број трансплантации. Кина во 2012 година соопштила дека планира да ја укине таа пракса за три до пет години.

Резолуцијата на Претставничкиот дом, тврди дека постојат „веродостојни извештаи“ за тоа дека кинеската држава одобрува „не-доброволно“ земање органи од затвореници и припадници на верските и етничките малцинства.

Претставникот на Абмасадата на Кина за печат, Ганг Суанг изразил длабоко незадоволство заради резолуцијата. Тој рекол дека, според кинеските прописи, за секоја трансплантација на органи потребна е согласност на давателот во писмен облик.

„Таканареченото земање органи од затвореници и осуденици на смрт е потполна измислица и лага“, на пишал Генг во е-мејл.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.