САД ги поздравуваат српскиот и албанскиот премиер, Александар Вучиќ и Еди Рама, на првата официјална посета на албнскиот премиер на Белград по речиси 70 години, се наведува во соопштение на американскиот Стејт департмент.
– Ја поздравуваме заемната посветеност која овие лидери ја покажаа отворајќи ново поглавје на пријателство и соработка меѓу нивните две земји, соопшти портпаролката на Стејт департментот Џен Псаки.