САД ја разгледуваат можноста за обезбедување на финансиска помош на Украина

Државниот секретар на САД, Џон Кери изјави дека американските власти ја разгледуваат можноста за обезбедување на финансиска помош на Украина во вид на кредитни гаранции, чиј износ може да достигне и до една милијарда долари, пренесе „АФП“.

„Како почетна фаза ја развиваме можноста за обезбедување на кредитни гаранции на Украина во износ од една милијарда долари“, изјавил Кери пред новинарите .

Тој истакна дека помошта на САД ќе биде укажана во рамките на финансиската поддршка од страна на меѓународната заедница. Според него, ЕУ исто така ја разгледува за обезбедување на финансиска помош во износ од 1,5 милијарди долари.

Кери истакна дека новата Влада на Украина веднаш треба да подготви серија реформи, да почне борба со корупцијата и да почне подготовка за слободни и фер избори .