САД ја сметаат Северна Кореја за одговорна за кршењето на неколки резолуции на светската организација

EPA/JIM LO SCALZO

Кина има одговор да изврши притисок врз севернокорејскиот режим, изјави американскиот државен срекретар Рекс Тилерсон по средбата во средата меѓу американските и кинеските функционери во Вашинтон.

„Кина сфаќа дека САД смета дека Северна Кореја најголемата безбедносна закана“, истакна американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.

Повика на посилно дејствување кон запирање на текот на парите во Северна Кореја, и нагласи дека Пјонгјанг мора да ги почитува резолуциите на Советот за безбедност при Обединетите нации со кои се бара запирање на нејзините нуклеарни и балистички програми.

САД ја сметаат Северна Кореја за одговорна за кршењето на неколки резолуции на светската организација, истакна државниот секретар. „Жалиме поради тоа што народот на Северна Кореја пати кога неговиот режим издвојува средства за тие програми“, додаде Тилерсон.

Американскиот министер за одбрана Џејм Матис, кој исто така учествуваше на средбата со кинеската делегација во Стејт департментот, како доказ за “режимот кој провицира и провоцира и провоцира“ го даде примерот со смртта на американскиот студент кој беше во севернокорејски притвор и кој почина оваа седмица, набрзо откако беше ослободен.

И Вашингтон и Пекинг ја споделуваат заедничката цел за денуклеаризиран Корејски полуостров, заклучи Матис.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.