Свет

САД ја запреа соработката со Русија во борбата против дрогата

САД ја запреа соработката со Русија во борбата против дрогата

САД ја запреа соработката со Русија во борбата против дрогата, пишува „Коммерсант“.

Вршителот на должноста шеф на Управата на Белата куќа за национална политика, во областа на контрола над наркотиците ,Мајкл Ботичели ја одби поканата за посета на Москва. Неговиот претставник Рафаел Лемејтер изјави дека соработката меѓу САД и Русија во областа на борбата против трговијата со дрога во моментов е запрена.

„Поради свесното континуираното кршење на суверенитетот на Украина од страна на Русија ние ги прекинавме некои од билатерални разговори со Руската Федерација, вклучително и во областа на борбата против дрогата“, изјави Лемејтер.