САД ја засилуваат безбедноста во амбасадата во Киев

Американски маринци се испратени во Киев за да го засилат обезбедувањето на амбасадата на Соединетите Американски Држави, јавува Гласот на Америка.

Одлуката на Стејт департментот на САД беше објавена од официјален претставник на институцијата, Џен Псаки.

Таа не прецизирала колку точно маринци ќе бидат распоредени во Киев, но истакнува, дека безбедноста на американските војници во светот е приоритет на Стејт департментот.

Псаки информира дека, заменик државниот секретар на САД, Вилијам Брнс, се сретнал во Киев со низа украински политичари, вклучувајќи го и в.д. претседателот Александар Турчинов, како и со докторите кои им укажуваат помош на повредените демонстранти. Освен тоа, Брнс за ситуацијата во Украина разговарал и со високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон.

Пскаки вели, дека целта на посетата на Брнс, не е претставување на план за дејствување, туку спроведување на консултации за идни постапки и оценка на ситуацијата.

Таа забележува дека САД ја поддржуваат идејата за преговори со Меѓународниот монетарен фонд по пршањето за евентуална финансиска помош на земјата, но според Вашингтон, пред се’ треба да се оцени ситуацијата и потребите на Украина.

Претставник на Стејт департментот забележува, дека САД поддржуваат „обединета и силна Украина“.