САД и Јужна Кореја подгтовуваат бригада, мета е Ким Јонг Ун

Воените сили на Јужна Кореја и американските специјалци планираат да формираат специјална единица.
Станува збор за единица која ќе биде одговорна за ликвидација на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун во случај на почеток на воени акции на полуостровот, наведува агенцијата „Јонхап“ повикувјќи се извори од јужнокорејската војска, пренесува „Спутник“.
Планирано е бригадата, која ќе брои од 1,000 до 2,000 луѓе, да биде формирана веќе оваа година.
Според информациите на изворот, американските војници ќе бидат под команда на јужнокорејската војска. Како што се наведува, Вашингон и Сеул оваа година договориле зголемување на бројот на маневри. Пред припадниците на специјалната бригада е задача да ликвидираат повеќе воени високи функционери и политичкото раководство на Северна Кореја во случај на почеток на војна.