САД ќе ги поддржи руските напади во Сирија само ако се против ИД

САД се подготвени да ги поздрават руските операции во Сирија доколку тие се фокусирани врз цели на Исламска држава ( ИД ) и групи поврзани со Ал Каеда, изјави американскиот државен секретар Џон Кери на седница на Советот за безбедност во ОН.

Тој предупреди дека ИД нема да може да биде победена во Сирија ако сирискиот претседател Башар Асад остане на власт.

– Ако акциите на Русија одразуваат нивни реални намери да ја уништи ИД, тогаш сме подготвени да ги поддржиме тие напори. Ние не треба да ги поврзуваме нашата борба со ИД со поддршка за Асад, изјави Кери.

Тој додаде дека САД се против напади на Русија во Сирија ако не се насочени против ИД и Ал Каеда.