Свет

САД ќе им испратат уште оружје на сиријските бунтовници

САД ќе им испратат уште оружје на сиријските бунтовници
САД ќе им испратат уште оружје на сиријските бунтовници

Американската армија е подготвена да испрати уште муниција по воздух на бунтовничките групи во Сирија, кои се борат против групата „Исламска држава“, откако во неделата испрати 50 тони муниција.

– Ќе има уште испораки по воздух, но само ако можат да докажат дека муницијата се користи ефикасно против ИД, изјави синоќа анонимен претставник на армијата, додавајќи дека колку повеќе резултати покажуваат, толку поредовни ќе бидат испораките и американските авиони ќе ги избираат целите на начин, што ќе дава предност на терен на бунтовниците кои се борат против ИД.

Програмата за достава на Пентагон сепак ќе биде ориентирана кон резултатите, по неуспехот на планот за обука на локални сили. Можено е во иднина да биде испратено и некое оружје, што бунтовниците ќе треба да гарантираат дека нема да падне во погрешни раце