САД ќе ја вбројат Кина меѓу најлошите сторители во сферата на трговија со луѓе

Вашингтон планира да ја смести Кина на својата листа најлоши сторители во сферата на трговија со луѓе и присилна работа, изјавил извор од Конгресот запознаен со случајот, што се смета за чекор кој може да ги влоши тензиите со Пекинг кои беа намалени од стапувањето на должноста на американскиот претседател Доналд Трамп.

Критиката за Кина, главниот ривал на САД во азиско-пацифичкиот регион, доаѓа и покрај пријателскиот однос меѓу американскиот претседател Доналд Трамп со кинескиот колега по должноста Кси Џинпинг и неговите напори да го придобие Пекинг за помош во справувањето со севернокорејската нуклеарна програма и развојот на проектили.

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон одлучил да ја спушти Кина на „нивото 3“, најниското, каде што ќе биде израмнета со Северна Кореја, Сирија и Иран меѓу другите рекле извори на Reuters запознаени со овој процес и кои зборувале под услов да останат анонимни.

Се очекува дека рангирањето ќе биде објавено во вторник во годишниот извештај кој го изготвувал бирото за надзор и сузбивање на трговијата со луѓе при Стејт департментот.

Рангирањето во „категоријата 3“може да доведе до санкции кои би ја ограничиле американската и меѓународната помош, но американските претседатели најчесто се откажуваат од преземање такви мерки.

Засега не е јасно што го навело Тилерсон да ја намали оцената за Кина, а последниот извештај ја критикуваше владата во Пекинг дека не прави доволно во спречувањето на „присилната работа зад што стои државата“, и заклучи дека не ги задоволила „минималните стандарди“ во борбата против трговијата со луѓе, иако наведе дека Пекинг вложува значителни напори во тој поглед.

Администрацијата на Трамп изразува загриженост и поради условите во Кина за севернокорејските работници кои го договара директно со Пјонгјанг и што осигурува девизни приливи за раководството на Северна Кореја кое има недостиг од пари поради меѓународните санкции, рекол изворот од Конгресот на САД

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.