САД ќе воведат нови санкции за Русија поради наводниот напад со нервен агенс во Англија

Вашингтон во средата објави дека ќе воведе нови санкции против Русија откако наводно утвврдил дека Москва употребила нервен отров против поранешниот двоен руско-британски шпион и неговата ќерка во Англија.

Сергеј Скрипал, поранешен полковник во резерва на военото разузнавање ГРУ, осуден за предавство и шпионажа во Русија а потоа разменет со САД, и неговата 33-годишна ќерка Јулија беа пронајдени во март затруени на клупа во парк во англискиот град Салзбери. Според британската истрага, отровот наречен „новичок“ во течна форма бил нанесен на портата од нивниот дом.

Портпаролката на Стејт Департментот, Хетер Науерт, изјави дека е „утврдено дека Русија употребила хемиско или биолошко оружје прекршувајќи го со тоа меѓународното право, како и дека употребила смртоносно хемиско или биолошко оружје против сопствени државјани“.

Науепрт додаде дека санкциите ќе стапат на сила на 22-ри август, или околу тој датум.

Американската телевизиска мрежа NBC, повикувајќи се на неиуменуван висок фунцкионер во Стејт департментот, пренесе дека во рамките на новите санкции најголем ефект би требало да има забраната за одобрување дозволи за извоз на чувствителни стоки во Русија, коишто се однесуваат на националната безбедност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.