САД ќе ги проширува воените вежби заради кризата со Русија

Соединетите американски држави во рамки на операцијата ,,Атлантска решителност” планираат да испратат војска во Романија, Бугарија, Унгарија, Грузија и Чешка, јавија чешките медиуми, објави МИА.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, планирано е проширување на воените вежби, кои започнаа минатиот април со учество на САД, Полска и балтичките држави, со цел да се избегне руската закана.

Дел од американскиот Проект се заедничките маневри и заедничката обука на војниците, зголемена активност на морнарицата на САД во Балтичкото и Црното Море, модернизацијата на европските бази и поддршка на Грузија, Молдавија и Украина, како земји кои имаат затегнати односи со Москва.

Американските војници се постојано присутни во Романија во база во Констанца, на брегот на Црното Море и нивниот број од илјада ќе се зголеми за уште 1.500 војници.

Во Европа се наоѓаат околу 67.000 американски војници, од кои повеќето се под европска команда.

Разместување на воени единици во земјите од Источна Европа кои би можеле да одговорат на каков било напад, планира и НАТО