САД ќе испратат обвинители на Блискиот исток и на Балканот за помош во истрагите за џихадистите

Постигнат договор за 48-часовен прекин на огнот на некои места во Сирија
Постигнат договор за 48-часовен прекин на огнот на некои места во Сирија

САД соопштија дека ќе испратат околу 70 свои обвинители во 14 земји од Балканот, Блискиот исток и северна Африка, за да им помагат на тамошните власти во истрагите и изведувањето пред суд на џихадистите кои се враќаат од Сирија, пренесоа светските агенции, објави МИА.

– Со поддршка на Бирото за борба со тероризмот на Стејт департментот Министерството за правда испраќа федерални обвинители и постари советници за правосудната дејност во клучните региони за работа со земјите кои се стремат да го подобрат својот капацитет за истражување и исправање пред суд на странските терористички борци, соопшти американскиот министер за правда Ерик Холдер.

Тој посочи дека правните експерти ќе ја дадат „животно важната поддршка на американските сојузници за судското гонење на лицата кои се вратени од Сирија“.

Соработката вклучува размена на информации, истраги, судско гонење и борба против екстремизмот, додаде тој.

Високо позициониран претставник на американското Министерство за правда прецизира дека околу 70 американски обвинители ќе работат во Албанија, Босна, Косово, Србија и Хрватска, како и во неутврден број земји од северна Африка и Блискиот исток, „од Алжир до Мароко, како и во западна Африка“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.