Свет

САД: Момче убило две жени во супермаркет

САД: Момче убило две жени во супермаркет

Во пукање во супермаркет во американската сојузна држава Индијана се убиени три лица, вклучувајќи го и момчето кое што отворило оган.

Полицијата во гратчето Елкхарт добила информација дека доцна синоќа по локално време еден маж пукал во супермаркетот „Мартинс“.

Напаѓачот, кој имал 20-тина години, влегол во супермаркетот и со полуавтоматска пушка почнал да пука по што убил една жена во едниот, и уште една жена во другиот дел на маркетот. Една од жртвите била вработена во супермаркетот и најверојатно станува збор за девојка во раните 20-ти години, а другата жена случајно се нашла во маркетот.

Претставник на тамошната полиција рекол дека напаѓачот го вперил оружјето кон уште една жена, кога пристигнале полицајците и го усмртиле.