САД најавија повлекување од Советот за човекови права при ОН

САД се повлекуваат од Советот за човекови права при Обединетите нации, соопшти во вторникот постојаната американска претставничка во светската организација, Ники Хејли, во текот на брифингот со новинарите во Стејт департментот.

„САД официјално истапуваат од Советот за човекови права на ОН. Ние официјално се повлекуваме од Советот, бидејќи уште пред една година зборуваме дека ќе го направиме ова доколку не видиме напредок“, изјавила американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли, пренесуваат светските агенции.

„Премногу долго Советот за човекови права беше заштитник на кршењето на човековите права и беше политички пристрасен. За жал, сега е јасно дека нашите повици за реформирање (на ова тело) не беа слушнати. Прекршителите на човековите права и натамо се наоѓаат (во Советот) и се избираат во него. Најбруталните режим на светот продолжуваат да обликуваат критичка агенда, а Советот продолжува да ги политизира (одлуките) и да ги насочува стрелките кон земји со добри резултати од аспект на човековите права, со цел да го оттргне вниманието од оние кои ги прекршуваат и нивните активности“, изјавила Хејли.

Според американската амбасадорка, Советот за човекови права при ОН е „лицемерна и самозаинтересирана организација којашто им се потсмева на човековите права. Сепак, Хејли истакна дека Вашингтон „нема да отстапи од своите обврски во областа на човековите права.

Американската дипломатка во светската организација обви некои земји за попречување на реформите во Советот.

„Кога дадовме јасно на знаење дека активно ќе продолжиме со спроведување на реформите во Советот, тие земји се појавија од никаде. Русија, Кина, Куба и Египет, сите тие се обидуваа да ги поткопаат нашите напори за реформирање (на Советот) минатата година“, обвини Хејли.

Меѓу причините за повлекувањето на САД од ова телот на ОН, амбасадорката ги навела „непрекинатата патолошка кампања против Израел“, еден од главните американски сојузници кој по стапувањето на должноста на претседателот Доналд Трамп значително ги затопли нарушените односи со Вашингтон од периодот на неговиот претходник Барак Оабама.

Говорејќи заедно со државниот секретар Мајк Помпео, Хејли изјавила дека Советот за човеков и права при ОН претставува „огромен извор на срам“, а неговите дејствија „пројави на бесрамни дела на лицемерство“.

Од своја страна, државниот секретар Мајк Помпео рекол дека Советот за човекови права при ОН не ги заштитува, туку ги „покрива“ нарушувањата на човековите права и ја опишал оваа организација како „лицемерна“. Според него, Советот „лажни обвинува земји за прекршувања кои тие не ги сториле, и притоа игнорирајќи нарушувања (на човековите права) во други земји“.

Државниот секретар рекол дека САД се лидери во промовирањето на човековите права. Притоа дадените ветувања од некои земји во многу области не се исполнети, додал Помпео. Го цитирал повторно американскиот претседател Доналд Трамп дека Советот за човекови права е „огромен извор на срам за ОН“ бидејќи вклучува земји кои се главните прекршители на човековите права.

„Бидејќи организацијата ги поткопува нашите национални интереси и интересите на нашите сојузници, ние нема да бидеме нејзин соучесник“, порачал Помпео.

Коментирајќи ја објавата, демократскиот конгресмен од сојузната држава Њујорк Елиот Енџел, рекол дека по истапувањето од Советот за човекови права, САД „го губат влијанието“ во ОН

На брифингот во министерството за надворешни работи, Хејли додала САД ќе бидат подготвени повторно да му се приклучат на Советот доколку во ова тело се спроведат реформи.

„Дури имајќи го предвид фактот за прекинувањето на нашето членство во Советот за човекови права, ние ќе продолжиме да настојуваме да се зајакне целата структура на учеството на ОН во (решавањето) на проблемите со човековите права. И сигурно ќе повикуваме на реформирање на Советот. Доколку тој биде реформиран, ќе бидеме среќни одново да станеме негова членка“, додала Хејли.

САД претходно повеќепати го критикуваа ова тело на светската организација. Вашингтон особено го обвинува Советот за човекови права за предрасуди и пристрасност кон Соединетите држави и кон Израел. Хејли во 2017 година изјави дека во Советот не треба да членуваат земји во кои постојано се нарушуваат правата на човекот. Во мај годинава таа го критикуваше Советот за формирањето меѓународна комисија за истражување на ситуацијата и настаните во палестинската енклава Газа каде што од 30-ти мар во судирите со израелските сили загинаа повеќе десетици Палестинци. Хејли тогаш изјави дека структурата на светската организација предизвикува загриженост во врска со „легитимните акции“ на „демократска земја“, без да посвети должно внимание на кршењето на човековите права во Венецуела, Иран или Мијанмар.

САД се повлекуваат од Советот за човекови права при Обединетите нации, соопшти во вторникот постојаната американска претставничка во светската организација, Ники Хејли, во текот на брифингот со новинарите во Стејт департментот.

„САД официјално истапуваат од Советот за човекови права на ОН. Ние официјално се повлекуваме од Советот, бидејќи уште пред една година зборуваме дека ќе го направиме ова доколку не видиме напредок“, изјавила американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли, пренесуваат светските агенции.

„Премногу долго Советот за човекови права беше заштитник на кршењето на човековите права и беше политички пристрасен. За жал, сега е јасно дека нашите повици за реформирање (на ова тело) не беа слушнати. Прекршителите на човековите права и натамо се наоѓаат (во Советот) и се избираат во него. Најбруталните режим на светот продолжуваат да обликуваат критичка агенда, а Советот продолжува да ги политизира (одлуките) и да ги насочува стрелките кон земји со добри резултати од аспект на човековите права, со цел да го оттргне вниманието од оние кои ги прекршуваат и нивните активности“, изјавила Хејли.

Според американската амбасадорка, Советот за човекови права при ОН е „лицемерна и самозаинтересирана организација којашто им се потсмева на човековите права. Сепак, Хејли истакна дека Вашингтон „нема да отстапи од своите обврски во областа на човековите права.

Американската дипломатка во светската организација обви некои земји за попречување на реформите во Советот.

„Кога дадовме јасно на знаење дека активно ќе продолжиме со спроведување на реформите во Советот, тие земји се појавија од никаде. Русија, Кина, Куба и Египет, сите тие се обидуваа да ги поткопаат нашите напори за реформирање (на Советот) минатата година“, обвини Хејли.

Меѓу причините за повлекувањето на САД од ова телот на ОН, амбасадорката ги навела „непрекинатата патолошка кампања против Израел“, еден од главните американски сојузници кој по стапувањето на должноста на претседателот Доналд Трамп значително ги затопли нарушените односи со Вашингтон од периодот на неговиот претходник Барак Оабама.

Говорејќи заедно со државниот секретар Мајк Помпео, Хејли изјавила дека Советот за човеков и права при ОН претставува „огромен извор на срам“, а неговите дејствија „пројави на бесрамни дела на лицемерство“.

Коментирајќи ја објавата, демократскиот конгресмен од сојузната држава Њујорк Елиот Енџел, рекол дека по истапувањето од Советот за човекови права, САД „го губат влијанието“ во ОН

На брифингот во министерството за надворешни работи, Хејли додала САД ќе бидат подготвени повторно да му се приклучат на Советот доколку во ова тело се спроведат реформи.

„Дури имајќи го предвид фактот за прекинувањето на нашето членство во Советот за човекови права, ние ќе продолжиме да настојуваме да се зајакне целата структура на учеството на ОН во (решавањето) на проблемите со човековите права. И сигурно ќе повикуваме на реформирање на Советот. Доколку тој биде реформиран, ќе бидеме среќни одново да станеме негова членка“, додала Хејли.

САД претходно повеќепати го критикуваа ова тело на светската организација. Вашингтон особено го обвинува Советот за човекови права за предрасуди и пристрасност кон Соединетите држави и кон Израел. Хејли во 2017 година изјави дека во Советот не треба да членуваат земји во кои постојано се нарушуваат правата на човекот. Во мај годинава таа го критикуваше Советот за формирањето меѓународна комисија за истражување на ситуацијата и настаните во палестинската енклава Газа каде што од 30-ти мар во судирите со израелските сили загинаа повеќе десетици Палестинци. Хејли тогаш изјави дека структурата на светската организација предизвикува загриженост во врска со „легитимните акции“ на „демократска земја“, без да посвети должно внимание на кршењето на човековите права во Венецуела, Иран или Мијанмар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.