Свет

САД: Најмалку една жртва во пукање во болница

САД:  Најмалку една жртва во пукање во болница

Најмалку едно лице загина, а повеќе се повредени во пукање кое што се случило во болница во американскиот град Рино, јавуваат медиумите.

Локалниот весник „Рино газет џурнал“ ги цитирал зборовите на високиот претставник на полицијата во тој град, Том Робинсон, кој навел дека во пукањето загинала една личност, а се верува дека во прашање е напаѓачот, додека друго лице е на операција поради повредите.

Телевизијата „Си- ен- ен“ јавува дека четири лица се ранети, а дека напаѓачот е совладан.

Најновиот инцидент се случил само неколку дена откако е одбележана годишнината од масакрот во училиштето во Њутаун во Конектикат, кога беа убиени 26 лица, вклучувајќи и 20 деца.