Свет

Корејска криза САД наскоро ќе ги заострат санкциите за Северна Кореја

САД наскоро ќе ги заострат санкциите за Северна Кореја

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави во средата дела Вашингтон наскоро ќе ги обелодени досега најострите санкции против Северна Кореја коешто би требало конечно да го присилат Пјонгјанг да се откаже од нуклеарната и ракетната програма.

По средбата со јапонскиот премиер Шинзо Абе, американскиот потпретседател Мајк Пенс порача дека многу скоро САД ќе ги објават „досега најтешките и најагресивни економски санкции против Северна Кореја“.

Нарекувајќи ја Северна Кореја „најрепресивниот режим на планетата“, Пенс рече дека САД и нивните сојузници, меѓу кои е и Јапонија, ќе го задржат максималниот притисок врз Пјонгјанг, сѐ додека оваа земја не преземе чекори кон „целосна, веродостојна и неповратна“ денуклеаризација.

Пенс, кој престојува во Токио пред да замине на Зимските олимписки игри во Јужна Кореја, зборуваше на почетокот од средбата со Абе, за којашто се очекува дека ќе го демонстрира американско-јапонското безбедносно сојузништво соочено со севернокорејската закана

„И натаму ќе стоиме раме до раме со јапонскиот народ, со народот на Јужна Кореја и со своите сојузници и партнери ширум регионот додека не ја постигнеме глобалната цел – денуклеаризација на Корејскиот полуостров“, порача Пенс

Претходно американскиот потпретседател направи обиколка на постројките со ракетниот систем PAC-3, кои се сметаат за последната линија на јапонската одбрана од секој можен севернокорејски напад со проектили. По разгледувањето на системот, Пенс се ракуваше со припадниците на Силите за самоодбрана (официјален назив за јапонската армија). Беше придружуван од највисокиот јапонски воен функционер, Кацутоши Кавана.

Патувањето на Пенс во Јужна Кореја во четврток временски се совпаѓа со доаѓањето на зимската олимпијада на церемонијалниот шеф на делегацијата Ким Џонг Нам, највисокиот севернокорејски функционер кој влегол во Јужна Кореја по Корејската војна од 1950 до 1953 година коешто заврши со примирје, но не и со мировен договор. Во Јужна Кореја, според информациите објавени во средата, ќе допатува и сестрата на севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун.

Пенс не ја исклучи можноста од среда со високите севернокорејски функционери, но претседателот Доналд Трамп изрази сомневање во тоа дека набрзо ќе дојде до американски преговори со Северна Кореја.