Свет

САД не го признаваат Јанукович, го поддржуваат Јаценјук

САД не го признаваат Јанукович, го поддржуваат Јаценјук

Белата куќа повеќе не го прифаќа Виктор Јанукович како претседател на Украина, откако тој го доведе во прашање својот сопствен легитимност, бегајќи од Киев, пренесува „Обозревател“, повикувајќи се на изјава на претставникот на претседателската резиденција, Џеј Карни.

„Јанукович беше избран за претседател, но тој се одрече од своите одговорности ги спакува куферите и исчезна“, рекол Карни пред новинарите.

Потпретседателот на САД, Џозеф Бајден, одржал телефонски разговор со премиерот на Украина Арсениј Јаценјук, при што ветил поддршка за земјата и го поздравил формирањето на новата Влада на европската држава, пренесе „Обозревател“.

Бајден истакнал дека сегашната ситуација со воведувањето на новата Влада, е важна поволна можност да се гарантира не само мирот, стабилноста и единството во Украина, туку исто така да се врати довербата на сите Украинци.