САД не исклучуваат директни разговори со Северна Кореја

Соединетите држави не ја исклучуваат можноста од директни разговори со Северна Кореја, изјави во вторникот заменикот американски државен секретар Џон Саливен.

„Не ја исклучуваме можноста од директни разговори“, изјави Саливен по состаникот со јапонскиот колега, заменикот министер за надворешни работи Шинзуки Сугијама.

По Јапонија, заменикот американски државен секретар ќе отпатува во Јужна Кореја, во посета пред очекиваната обиколка на регионот на американскиот претседател Доналд Трамп следниот месец, додека тензиите во регионот растат поради нуклеарните и ракетни проби на Северна Кореја.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.