САД нема да бара дозвола од Дамаск за напад на Исламската држава

Вашингтон нема намера да бара дозвола од Дамаск за воздушни напади врз позиции на групата Исламска држава на сириска територија, бидејќи владата на претседателот Башар ал Асад е „нелегитимна“, изјави портпаролката на американскиот Стејт департмент Мари Харф, објави МИА.

Изјавата на Харф претставува реакција на ставот на сирискиот министер за надворешни работи Валид Муалем дека какви било американски воени акции во Сирија без одобрение од властите во Дамаск ќе претставуваат агресија.

Според Харф, САД планираат да извршат напади во Сирија само на позиции на Исламската држава, а што се однесува до властите во Дамаск, според Вашингтон, Асад веќе одамна нема легитимност како претседател на Сирија.