САД нема стратеегија против руските кибер напади

САД немаат ефикасна координирана стратегија за справување со руските кибер напади, а Русија има корист од несогласувањето межу Турција и нејзините сојузници во Нато, оцени командантот на Здружените сили на Алијансата во Европа, генерал Кертис Скапароти на сослушувањето пред Комисијата за вооружените сили на американскиот Сенат.

– Не сметам дека имаме ефикасна координација на меѓусекторско ниво. Недостигаат енергија и посветеност, кои треба да ги постигнеме. САД немаат доволно информации за руската кибер инфрастуктура. Добивме појасна претстава за неа, но не би можел да кажам дека во оваа фаза имаме јасна слика- додаде американскиот генерал.

Скапароти изјави дека има сознанија за руски активности против инфрастуктура на американска територијата, но не изнесе детали за ова свое тврдење, одговарајќи на прашање од сенаторите дали Русија директно извршува кибер напади врз САД и води информативна војна со земјата.

Командантот на Здружените сили на Алијансата во Европа ги предупреди сенаторите дека Русија има корист од политичките несогласувања меѓу Турција и нејзините сојузници од НАТО, кои може да ги искористи со цел да ја поткопа довербата и единството. Скапароти, сепак ја уверува сенатската Комисија дека европската команда на НАТО „ќе ги заштити и зајакне односите“ меѓу Анкара и Вашингтон.