САД обвини руски банкар за шпионажа

Извори од Федералниот суд во Њујорк соопштија дека САД поднеле обвиненија за шпионажа против руски банкар.

Според обвинителниот акт, кој се состои од две точки, Евгениј Бурјаков и уште двајца руски државјани, кои се дипломати на пониско ниво, создале шпионска мрежа. Таа функционирала од 2012 година, па се до минатиот месец и собирала доверливи економски информации за евентуални американски санкции против руски банки.

Бурјаков работел во филијала на руската Надворешноекономска банка во Менхетен.

Обвиненија се покренати и против двајцата дипломати, но тие се вратиле во Русија и се заштитени со имунитет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.