САД: Обвинувањата дека ние ги финасираме акциите во Украина се бесмислени

Вашингтон ги отфрла како бесмислени тврдењата на рускиот министер за внатрешни работи, Сергеј Лавров, дека САД ги финансира акциите во Украина.

„Мислам дека повеќето тврдења во интервјуто на Лавров не се базирани на тоа што се случува на терен“, рекла синоќа портпаролката на Стејт департментот, Џенифер Псаки.

Лавров во интервјуто на телевизијата „Раша Тудеј“, кажал дека Русија адекватно ќе одговори доколку интересите на руските граѓани во Украина се загрозени и додал дека САД раководат со акциите на украинската власт.

Псаки кажала дека таквите тврдења се смешни и додала дек акциите на украинската влада се легитимен одговор на нелегално преземеање на згради во повеќе градови во Украина.

Таа кажала дек САД го разгледува барањето на прелазната влада во КИев да добие помош од Вашингтон, но исто така нагласиле дека воено решение за проблемот во Украина не е прифатливо.

„На терен на сила е окупација и не мислам дека ние треба да ги засилуваме тензиите со Русија“, рекла Џенифер Псаки.