САД очекуваат отворање на амбасадата во Ерусалим во мај

Се очекува дека САД својата амбасада во Израел ќе ја отворат во мај, изјави американски функционер во петокот, а преселувањето на дипломатската мисија од Тел Авив претставува пресврт во повеќедецениската американска политика по ова горливо прашање.

Актот за амбасада во Ерусалим од 1995 година е јавен сакон во САД, донесен од 104-от состав на конгресот на 23-ти октомври истата година, и беше прифатен во Сенатот со 93 наспроти 5 гласови, и во Претставничкиот дом со 374 наспроти 37 гласови. Законот остана без потпис од 8-ми ноември 1995 година. Со овој закон всушност се признава Ерусалим за главен град на Израел, и со него требаше да се определат средства за преселување на американската амбасада до 31-ви мај 1999 година.

И покрај усвојувањето, законот му овозможуваше на претседателот на САД да се повикува на шестмесечно откажување од негова примена врз основа на „националната безбедност“. Ваквата можност редовно ја користеа претседателите Бил Клинтон, Џорџ В. Буш и Барак Обама. На 5-ти јуни Сенатот едногласно ја усвои резолуцијата по повод 50-годишнината од „повторното обединување на Ерусалим со 90 гласови за. Резолуцијата го потврди законот за амбасада до Ерусалим и го повика претседателот и сите официјални претставници на САД да го признаат Ерусалим за израелска престолнина и да наложат преселување на амбасадата во Светиот град.

Сегашниот американски претседател Доналд Трамп го потпиша споменатиот закон за признавање на Ерусалим за главен град на Израел на 6-ти декември 2017 година, но теоретски може да го одложува указот за преселување на амбасадата. Оваа одлука ги разгневи и арапските и муслимански сојузници на САД, а кај Палестинците предизвика страв бидејќи тие планираат источниот дел од градот, кој меѓународната територија го смета за окупирана палестинска територија од страна на Израел во ткн Шестдневна војна од 1967 година, да биде престолнина на нивната идна држава.

Отворањето на американската амбасада во Ерусалим во мај годинава претставува многу поран рок од оној кој се очекуваше, не пред 2020 година. Во текот на говорот пред израелскиот парламент во јануари, американскиот потпретседател Мајк Пенс, рече дека тоа би требало да се случи до крајот на 2019 година.

Отворањето на амбасадата временски се совпаѓа со 70-годишнината од основањето на Државата Израел, изјавил неименуван американски функционер, пренесува агенцијата Reuters. Додал дека, сепак, повеќето вработени ќе останат во Тел Авив.

„Во мај ние ќе го преселиме амбасадорот и мал тим во Арнона“, комплексот во јужен Ерусалим во кој се сместени конзуларните оддели на Генералниот конзулат на САД во Ерусалим, рекол функционерот. „Што ќе се случи во мај, има знаци дека Арнона ќе биде произведена како објект на американската амбасада“, додал.

Израелскиот министер за разузнавачки работи Израел Кац во петокот му честиташе на американскиот претседател Доналд Трамп по повод најавата дека амбасадата на САД ќе биде преселена во Ерусалим на 70 –годишнината од основањето на Државата Израел.

„Нема поголем удар од тоа! Најправедениот и најисправниот чекор. Благодарам опријатели!“, напиша на Twitter министерот Кац.