САД очекуваат намалување на буџетскиот дефицит

Американскиот буџетски дефицит оваа година би можел да се намали на 514 милијарди долари, што е значително пониско во однос на минатигодишниот, како и најнизок откако претседателот Барак Обама пред пет години стапи на должност.

Конгресната канцеларија за буџет (ЦБО) наведува дека за добрите резултати и за оптимистичната прогноза заслужни се повисоките приходи од данокот во време на зајакнување на економијата, како и острото намалување на потрошувачката.

Службата на ЦБО сепак верува дека долгорочниот буџетски дефицит ќе биде зголемен, и тоа за околу 100 милијарди долари годишно во следните десет години, поради бавниот економски раст во претстојната деценија, во однос на претходните очекувања.

САД минатата година имале јавен дефицит од 680 милијарди долари. Обама откако дојде на власт ја затекна економијата во криза и буџетски дефицит кој прв пат во историјата надмина една милијарда долари.