недела, 4 декември 2016  |  Вести денес: 8

САД со осуда за референдумот во Република Српска

132775410

Поврзани вести

САД вчера го осудија „нелегалниот референдум“ во Република Српска, наведувајќи дека ќе ги поддржат локалните институции кои бараат раководството на РС да одговара за „поткопување на владеењето на правото и опструкција на примената на Дејтонскиот договор“.

„Ги повикуваме сите страни во БиХ да се воздржат од натамошни акции и реторика која води кон поделби и да се фокусираат на многу потребните општествени, политички и економски реформи“, наведе во соопштение заменик портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер.

Во соопштението се наведува дека раководството на РС во неделата организираше референдум, што директно е во спротивност со одлуката на Уставниот суд на БиХ.

Најчитани вести