САД ги отфрли ограничувањата за купување огнено оружје

САД ги отфрли ограничувањата за купување огнено оружје

Сенатот на САД ги отфрли вчера предложените ограничување за купување огнено оружје, за да отежне на лицата, кои се осомничени за тероризам да дојдат до оружје, информира МИА

Двете симболични гласања покажаа дека меѓупартиските поделби по прашање меѓу републиканците и демократите и натаму се присутни и покрај повеќето поголеми убиства во САД и зголеменото внимание кон потенцијалната закана од ИД.

Гласањето се одржа еден ден по нападот во Сан Бернардино, Калифорнија, во кој загинаа 14 лица.

САД ги отфрли ограничувањата за купување огнено оружје
САД ги отфрли ограничувањата за купување огнено оружје

Сенаторите со 54, наспротив 45 гласови го отфрлија предлогот на Дајан Фајнстин од Демократската партија, со кој се предвидуваше на Владата да и се дозволи да забрани продажба на огнено оружје на лица, кои се осомничени дека се терористи.

Иако Фајнстин овој предлог го достави уште од почетокот на годината, тој привлече внимание дури по нападите во Париз.

Претходно Сенатот го отфрли планот на републиканецот Џон Корнин, со кој на Владата требаше да и се дозволи да го одолговлекува продавањето на осомничени терористи во период до 72 часа, со цел во тој период да се овозможи зделката целосно да биде спречена, доколку федералните агенти успеат да го убедат судијата да го стори тоа.

Сенаторите го поддржаа овој предлог со 55 гласови наспроти 44 , но беа потребни 60 гласови за тој да биде усвоен.