САД: Откриен до сега најдолгиот тунел за криумчарење на дрога

САД: Откриен до сега најдолгиот тунел за криумчарење на дрога
САД: Откриен до сега најдолгиот тунел за криумчарење на дрога

Американските власти соопштија денеска дека откриле до сега најдолг пограничен тунел за криумчарење на дрога, кој ги спојува Калифорнија и Мексико.

Тунелот, долг околу 730 метри, содржи лифт, осветлување и железнички и вентилациски систем, соопшти државниот обвинител на округот Јужна Калифорнија.

Тој тесен тунел поврзува една куќа во мексиканскиот град Тихуана со комерцијален паркинг во Отеј Меси во Калифорнија, каде излезот од тунелот е широк 0,9 метри, а бил сокриен со контејнер за отпад, соопшти Обвинителството.

Полицајците во тунелот пронашле 743 килограми марихуана, и уште речиси толку во контејнерот.

За време на истрагата, властите заплениле повеќе од шест тони марихуана и еден тон кокаин, а уапсени се шест лица во Сан Диего.