САД парализирани од снежни врнежи и студ

Источниот и централниот дел од САД е парализиран поради снежните врнежи и големиот студ.

Водопадите на Нијагара се замрзнати, каде е измерена температура од минус 13 степени Целзиусови.

Според американските медиуми, четири лица, од кои три во Тенеси и едно во Канзас, починале на патиштата затрупани од снег.

Бурата Октавија, која го зафати источниот брег на САД, ги погоди 50 милиони Американци со многу ниски температури.

Температурите се спуштиле до рекордно ниско ниво за овој период од годината во Њујорк, каде е се регистрирани минус 15 степени, а во Вашингтон се измерени минус 14,5 степени.

Поради лошите временски услови денеска се откажани околу 1.800 летови во некои делови на САД.

Овој месец ќе биде запаметен по најснежен рекорд било кога забележан во Бостон и десет пати повеќе снег од вообичаена зима.