САД: Платите на извршните директори поголеми од износот на федералниот данок

Седум од триесетте најголеми корпорации во САД минатата година им исплатиле повеќе пари на нивните извршни директори отколку што платиле во Агенцијата за федерален данок на САД, покажува најновата студија која ја спроведоа двајца американски научници.

Додека во Вашингтон се разговара за реформи во даночната политика за корпорациите, студијата вели дека седум компании кои во 2013 та година пријавиле повеќе од 74 милијарди долари профит пред оданочувањето, оствариле многу поголем профит од даноците, заработувајќи 1, 9 милијарди долари.

Во  исто време на извршните директори на секоја од седумте компании во текот на изминатата година им биле исплатени во просек по 17, 3 милиони.

Седумте компании кои што се наведуваат се: Боинг, Форд Мотор, Шеврон Корпорацијата, Ситигруп, Веризон комуникејшнс, Џеј Пи Морган Чејс и Џенерал Моторс.

Институтот за политички науки и Центарот за ефективна Влада, кои се коавтори на студијата, велат дека резултатите ги покажуваат „длабоките недостатоци кои постојат во системот за корпоративни даноци“.

Во одговор, Веризон вели дека платиле 422 милиони долари како данок на приход во 2013 та година.

– Ние немаме податоци што од тоа е федерален а што државен данок во таа вкупна сума, но ве уверувам дека федералниот данок е многу поголем од платата на нашиот извршен директор, вели портпаролот на компанијата.

Компаниите од автомобилската индустрија Форд и Џенерал моторс велат дека нивните даночни сметки се намалени поради големиот број загуби кои ги претрпеле пред неколку години.