Свет

САД почнаа да ги вооружуваат Курдите

САД почнаа да ги вооружуваат Курдите

Адиминистрацијата на Барак Обама започнала со директно доставување на оружје на курдските сили во борбата против екстремистите на ИСИЛ.

Властите во САД не сакаат да наведат која американска агенција обезбедува оружје за Курдите, ниту пак за какво оружје се работи, но едно од официјалните лица само наведе дека оружјето не го испраќа Пентагон.

Во вакви слични ситуации во минатото операциите од овој вид секогаш и обавувала американската разузнавачка служба ЦИА, наведува АП.

САД до сега инсистираа на тоа оружјето да и се продава исклучиво на ирачката Влада.