САД и понудија помош на Турција за екстрадицијата на Ѓулен

САД на Турција и понудиле помош во врска со барањето на Анкара за екстрадиција на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, и кого Анкара го обвинува за обидот за преврат, информира весникот „Хуриет“, повикувајќи се изјава на портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби.

– Вашингтон ја информира турската страна дека може да испрати тим на претставници на Стејт департментот и на Министерството за правда во Анкара, со цел да помогнат во процесот на екстрадиција на Ѓулен, посочил Кирби.

По повод воведувањето вонредна состојба во Турција портпаорлот Кирби изјави дека американската страна има разбирање за цврстиот пристап на турските власти по обидот за преврат.

– Имаше закана против демократски избрана влада. Сметаме дека сите ние го разбираме сериозниот пристап кон еден таков вид закана, рече Кирби.

Според него, продолжува испитувањето на документацијата за барањето на екстрадицијата на Ѓулен, што беше испратена од Турција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.