САД: Порошенко има право да ја брани својата земја

САД ја поддржуваат одлуката на Украина за обнова на специјалните операции во источниот дел на земјата, изјави вчера претставничката на американскиот Стејт департмент Мари Харф.

„Потребни се две страни да се одржи прекин на огнот. Претседателот на Украина, Петро Порошенко воспостави седумдневно примирје, тој го почитуваше, но факт е дека голем број сепаратисти не се придржуваа до тоа и тој има право да ја брани својата земја“, изјавла таа, пренесоа медиумите.

Според претставничката на Стејт департментот, американскиот државен секретар Џон Кери во понеделникот разговарал со Порошенко, кој го уверил дека останува посветен на мировниот план.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.