САД: Посредничка мисија за Крим

Соединетите Американски Држаи побараа на Крим итно да се испрати меѓународна посредничка мисија со цел да се смири напнатоста и ја повикаа официјална Русија да ги повлече воените сили од регионот.

Американската амбасадорка во Обединетите нации, Саманта Пауер, го истакнала ова на вонредниот состанок и консултации на Советот за безбедност, повикан на барање на Литванија.

„Многу сме загрижени за информациите околу руското воено разместување на Крим“, рекла таа.

Пауер нагласи дека САД ја повикуваат Русија да ги повлече воените сили кои  ги зголемува во регионот и да му дозволи на украинскиот народ сам да ја избере сопствената влада, односно самостојно да донесе одлука за својата судбина, без „заплашување и страв“.

„САД бараат итна меѓународна посредничка мисија за Крим која ќе има цел да ја смири ситуацијата и да го олесни продуктивниот и мирен дијалог меѓу сите партии во Украина“, додала Пауер.