САД повеќе несмеат да ги прислушуваат сопствените граѓани

Патриотскиот акт, законот што дозволуваше прислушување на граѓаните на САД од синоќа и официјално престана да важи, откако Сенатот не го изгласа продолжувањето на довербата. Сепак, денес се очекува дека ќе продолжи дебатата, а многумина сметаат дека шпионирањето ќе продолжи но само во поинаков облик, пишува српски „Блиц“ повикувајќи се на американски медиуми.

Сенаторите најмногу расправале за спорниот член 215, кој дозволуваше НСА да собира телефонски записи, финансиски и останати податоци за американските граѓани и компании.

Дебатата почнала осум часа пред истекот на важењето на овој закон и по излагањето од страна на сенаторите, сепак не беше изгласана довербата за Патриотксиот акт.

Заговарачите на овој Закон, разочарани по гласањето, истакнале дека овој закон е од витално значење за безбедноста на САД.

Програмот за пребарување и евиденција на телефонските податоци престана синоќа, а американските правни и безбедносни агенција го загубија овластувањето за спроведување на другите програми.

Патриотскиот акт е закон кој беше потпишан од страна на претседателот Џорџ Буш, по нападите од 11-ти септември 2001-ва година. Законот драматично ги намали ограничувањата на органите за спроведување на законите за време на прислушувањето на телефонската и елекронската комуникација, како и во пребарувањето на медицинските, финансиски и други евиденции.