САД повторно ја сметаат Северна Кореја за држава која ги поддржува тероризмот

САД повторно ја ставија Северна Кореја на цента листа „држави коишто го поддржуваат тероризмот“, за да го зголеми притисокот поради нејзините нуклеарни и ракетни програми, изјави во понеделникот американскиот претседател Доналд Трамп.

„Освен што му се заканува на светот со нуклеарно уништување, Северна Кореја повторено поддржувала дел од меѓународниот тероризам, вклучително и убиства на туѓа територија“, го цитира агенцијата AFP американскиот претседател Доналд Трамп.

Како пример го навел случајот на американскиот студент Ото Вармбиер, кој беше затворен во севернокорејски затвор и кој почина во јуни откако беше вратен дома по што падна во кома.

Ваквата одлука значи дека Северна Кореја и личности поврзани со неа ќе добијат нови економски санкции. Американското министерство за финансии ќе ги објави во вторникот, најавил Трамп.

Северна Кореја веќе беше на овој список од 1988 до 2008 година поради наводната вмешаност во бомбашки напад врз јужнокорејски авион во 1987 година кога загинаа 115 луѓе. Од листата на која уште се наоѓаат Сирија, Иран и Судан, беше симната за да се поттикнат преговорите за нејзината нуклеарна програма, кои на крајот доживеаја неуспех.

Одредена група аналитичари и американски функционери, меѓутоа, велат дека Северна Кореја не ги исполнува критериумите за таквиот статус. Експертите, исто така, истакнуваат дека станува збор за во голем дел симболична улога, бидејќи Пјонгјанг веќе е ставен под строгите американски санкции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.