АНАЛИЗА: САД предупредуваат – Европа е под големи новогодишни терористички закани

тероризам САД

Американскиот Стејт Департмент објави преупредување за сите Американци кои сакаат туристички да патуваат за време на новогодишните и божиќните празници во кое наведува дека постои „зголемен ризик од напади во Европа“.

Во предупредувањето се дополнува дека американските граѓани треба да бидат претпазливи ако одат на празнични фестивали, како и разни други случувања и саеми на отворено.

Американските граѓани треба да внимаваат бидејќи има голема веројатност симпатизери на екстремизмот или радикализирани екстремисти, без предупредување, да извршат напади за време на новогодишните и божиќните празници. Можно е терористите да користат широк дијапазон од тактики и да исползуваат како конвенционални, така и неконвенционални оружја, при тоа таргетирајќи како официјални, така и приватни интереси, се вели во преупредувањето на американските власти, кое е назначено дека важи до 20 февруари, в година.

Држави како Франција, Германија, Белгија и Турција беа цели на терористички напади во изминатава година. Американските власти соопштуваат дека ситуацијата останува вознемирувачка во однос на идни напади низ цела Европа.

Ако патувате во европските држави Ве молиме да ја проверите интернет страницата на американската амбасада или конзулат во градот во кој планирате да одите, за најнови информации околу безбедноста, пишува во предупредувањето.

Понатака во официјалниот документ на властите во САД се повикуваат сите американски граѓани да бидат крајно внимателни при посетите на туристичките знаменитости, при користење на јавниот транспорт, при посети на места за молитва, во ресторани и хотели, како и сите други јавни места.

Апсењата во Франција

Предупредувањето на властите на САД доаѓа откако францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнеф изјави дека терористичките закани никогаш не биле толку големи на целата територија на Франција.

Нулта ризик не може да биде гарантиран и секој кој ќе го вети тоа го лаже францускиот народ. Но, говорејќи како министер за внатрешни работи, во тесна соработка со министерството за правда, јас ги информирав моите сонародници – се прави се’ што е возможно секоја минута, секој момент, да се оттргне таа терористичка закана и да се заштити францускиот народ, изјави Казнеф на прес-конференција.

Повод за неговата прес – конференција беа приведувањата на седуммина мажи во неделата. Според него, со акцијата е спречено извршување на долго планиран терористички напад во Франција.predupreduvanje SAD

Уапсените лица, кои се француски, марокански и авганистански државјани, биле приведени во градовите Марсеј и Стразбур. Со оваа акција француската полиција стави крај на заговор, чија првична цел било Еропското фудбалско првенство, летово, а подоцна цели во Париз и во Марсеј, тврди висок француски функционер, кој инсистирал на анонимност.

Француските власти тврдат дека уапсените биле под директна команда на засега неидентификувании радикални исламисти од Сирија, а при акцијата од приведените било одземено и оружје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.