петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 0

САД со предупредување до граѓаните на Истанбул

САД ги предупредија своите државјани од потенцијална опасност од терористички напади или обиди за киднапирање на странци во Истанбул.

предупредување

Поврзани вести

Во соопштението на Конзулатот на САД во Истанбул, објавено доцна синоќа, се наведува дека екстремистички групи продолжуваат со своите „агресивни напори“ да ги нападнат Американците и другите странци во тој град.

– Тие напади би можеле да бидат однапред планирани или би можеле да се случат со мало или никакво предупредување, а можни се и вооружени напади, обиди за киднапирање, бомбашки напади и други насилни дела, се посочува во соопштението од Американскиот конзулат во Истанбул.

Конзулатот не прецизира која група би можела да ги изведе таквите дела, но минатата година Истанбул беше мета на бомбашки напади на Исламска држава и на Курдската работничка партија.

Најчитани вести