САД презадоволни од подготвеноста на македонските мировници

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, денеска оствари среба со членови на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Мајк Тарнер, Лорета Санчез и Пол Кук.

На средбата позитивно беа оценети односите на двете земји, како и билатерално, така и на мултилатерално ниво. Исто така, меѓу темите беше и значајноста на европатланскиот интегративен процес на Македонија.

DSC_0393

Членовите на американскиот Конгрес го истакнаа позитивниот придонес кој македонските мировници го даваат во рамките на НАТО мисиите, и ја истакнаа поддршката на САД за членство на Република Македонија во Алијансата.

DSC_0397

„Реформите се преземаат со цел унапредување на можностите во сите општествени сфери и посветеноста за унапредување на стандардите и надминување на предизвиците кои се од интерес за интеграциите на нашата земја“, истакна на средбата премиерот Груевски.

На состанокот беа разменети и мислења за многу теми од регионален карактер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.