САД презеде ракетна база во Романија

Американската морнарица презеде контрола врз нова ракетна база на југ во Романија, една од двете во Европа во која ќе бидат сместени делови од одбранбениот штит на НАТО. Базата во Девесел би требало да биде оперативна во 2015 година како и дел од балистичкиот систем на НАТО, објави МИА.

– Заканите од балистички ракети за САД и нашите сојузници се се пореални и поголеми – изјави командантот на морнарицата задолжен за Европа, Африка и југозападна Азија, американскиот контраадмирал Џон Скорби.

Како што рече тој, „за среќа и можностите на НАТО против тие закани се исто така реални и се поголеми.

Уште една ракетна база треба да биде во функција до 2018 година и тоа во Полска.