Од 2005 до 2008 САД ги прислушувале телефонските разговори во Словенија

Во периодот од 2005 до 2008 година САД заедно со германската разузнавачка агенција БНД и телекомуникациската компанија „Дојче телеком“ прислушувале телефонски разговори во Словенија, пренесува МИА, пивикувајќи се на руската агенција ТАСС.

Редакцијата на словенечкиот телевизиски канал ПОП ТВдобила во посед документи од операција со висока тајност на американските специјални служби со кодно име „Ејконал“.

Цел на операцијата било собирање податоци за телефонски разговори на Европејци со можност за нивна идентификација и обработка. Во списокот на европските земји кои биле прислушувани влегла и Словенија.

Според ПОП ТВ Американците заедно со своите германски колеги во односниот период ги документирале сите телефонски јавувања од Љубљана во Брисел, Амстердам, Ротердам и Франкфурт, по што записите се испраќани во штабот на германската разузнавачка служба БНД на германскиот град Пулах, а потоа во Бад Ајблинг, каде Американците ги анализирале.