четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 0

САД призна дека за време на бомбардирањето на ИД загинале 119 цивили

Американските бомбардирања во Ирак и Сирија врз ИД предизвикале смрт на 119 мирни жители од почетокот на нападите во 2014 година до сега, покажуваат новите податоци, објавени од американската војска. 

цивили

Поврзани вести

Вашингтон признава дека има цивилни жртви, кои се последица од нивното бомбардирање.

САД, и другите земјите од нејзината коалиција, се обвинети дека соопштувале за помал број на цивили, загинати при нивните напади.

Според податоците на невладината организација „Ервејс“, со седиште во Лондон, коалицијата предводена од САД е одговорна за смртта на 1.787 мирни граѓани во Ирак и Сирија од август 2014 година.

„Амнести интернешнал“ наведува дека бројот на цивили само во Сирија е најмалку 300.

Бројот на цивилни жртви се зголеми со засилувањето на кампањата врз ИД од крајот на 2015 година , која целеше да подготви офаниза врз бастионите на џихадистичката група – ирачкиот град Мосул и сирискиот град Рака.

Според наводите на командантите на американските вооружени сили, во Блискиот исток во последните 12 месеци американските удари предизвикале смрт на 64 цивили, а осуммина биле ранети.

При напади, биле почитувани правилата за воени дејствија и биле преземени мерки да се избегнуваат невини жртви, поради што нема да има дополнителна истрага, ниту пак ќе биде покренато обвинение.

– Понекогаш цивилите ја плаќаат цената на воените дејствија. Правиме се што е во наша моќ, за да ги ограничиме тие случаи, дури понекогаш и се откажуваме од нанесување на удари врз некои цели, истакна полковникот Џон Томас.

Најчитани вести