САД првпат ја тестираа атомската бомба B61-12 од авион F-16

(© Фото: U.S. Air Force photo/Staff Sgt. Brandi Hansen)

Американски воздухопловни сили ја тестирале неполната модификација на термонуклеарната бомба со ознаката „B61-12“, којашто била испуштена од ловец од типот „F-16“ на полигонот Нелис во сојузната држава Невада, објавено е во четвртокот на сајтот на воздухопловната база „Робинс“, а истовремено тестот го потврдија и од Националната агенција за атомска безбедност при американското министерство за енергетика и американските воздухопловни сили во базата „Кертленд“ во сојузната држава Њу Мексико, каде што седиштето на оваа агенција.

Според податоците од службата за односи со јавноста на базата „Кертленд“, на 15-ти март била тестирана бомбата „B61-12“ без нуклеарна боева глава, којашто била испуштена на полигонот Нелис од ловецот-бомбардер од типот „F-16“. Тестирањето било извршено во рамките на програмата за модификација на бомбата „B61“ преку нејзино модернизирање на нуклеарните и ненуклеарните компоненти со истовремено подобрување на нејзината сигурност и сигурноста на нејзиниот систем за безбедност.

Како што се прецизира во соопштението од командата на базата станува збор за „првото тестирање на B61-12 со користење на авионот F-16C“.

„Бомбата B61-12 ја обезбедува борбената способност на воздушната компонента на стратешката нуклеарна тријада на САД, како и иднината на бомбардерите и авијацијата со двојна намена коишто ги поддржуваат операциите на НАТО“, истакнал портпаролот на Центарот за нуклеарно вооружување на американската армија, Пол Вог. Додал дека „B61-12“ се модифицира за да може да биде користена од уредите во авионите од типовите „B-2A“, „B-21“, „F-15E“, „F-16C/D“, „F-16 MLU“, „F-35“ и „PA-200“.

Тестирањата на најновата, дванаесетта модификација на бомбата „B61“, започнаа во 2015 година кога беза извршени три пробни испуштања без атомско полнење, а на 20-ти октомври 2016 година на полигонот Тонопа, исто така во државата Невада, беше употребен авионот од типот „F-15E“.

Нејзина карактеристика е задниот дел кој го прави проектилот податлив за управување со голема прецизност и овозможува да биде исфрлена од поголема височина. Таа ќе биде различна од својата претходна верзија бидејќи е изоставен падобранот, а споменатиот заден дел ќе биде опремен со интерен систем за наведување за подобрување на прецизноста.

Сериското производство на „B61-12“, чијашто основна модификација ќе ги чини САД 7,605 милијарди долари, би требало да започне во 2020 година. Се претпоставува дека бомбата ќе ја замени претходната модификација во базите во Европа до крајот на 2030-те години.