САД: Расте бројот на жртви на лизгање на земјиште, досега 24

Спасувачите откриле две тела, а лоцирале уште осум под рушевините предизвикани од лизгањето на земјиште пред четири дена во американската држава Вашингтон.

Со тоа бројот на жртви се искачи на 24, додека 176 лица се водат за исчезнати.

Полицијата стравува за судбината на лицата кои се водат за исчезнати, верувајќи дека бројот на загинати речиси ќе се дуплира. Спасувачката емисија продолжува, надежта ќе се најдат преживеани е се помала.

Ѕид од кал, камења, раскоранти дрва и многу рушевини по лизгањето на земјиштето во кое се уништени 49 домови и дел од автопатот  во руралниот дел на Вашингтон.