САД разгледува начини како да ја изолира Русија

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Вашингтон разгледува различни начини, исклучувајќи ги воените средства, за да ја изолира Русија поради нејзината поддршка на сепаратистите во Украина.

Обама на прес-конференцијата во Њу Делхи истакна дека САД се мошне загрижени поради последното кршење на примирјето во Украина и од агресијата, на сепаратистите „со руска поддршка, руско оружје, руски финансии, руска обука и руски војници“.

Американскиот претседател изјави дека ги разгледува сите можни дополнителни варијанти за решавање на проблемот, при тоа исклучувајќи го воениот судир и додаде дека Вашингтон ќе се консултира по тоа прашање со меѓународните партнери, а најмногу со европските.