САД: Русија да престане со провокации во Украина

Белата куќа бара од Русија да престане со провокации во Украина. Според нив руските активности за дестабилизирање на Украина во изминатата недела се исклучиво опасни.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Кејтлин Хајден изјави дека се собираат повеќе детали за информациите дека силите за безбедност на Украина извадиле опрема од рускиот воен конвој за Источна Украина.

Според Хајден , без разлика на изговорот, Русија нема право да испраќа превозни средства, луѓе или стока од било каков вид во Украина без дозвола од Украинската Влада.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.