САД и Русија разговараа за проблемите во Сирија

Руското Министерство за надворешни работи на Фејсбук објави дека Кери и Лавров прво разговарале телефонски на иницијатива на американската страна, а потоа се сретнале во придружба на делегациите за да го продолжат разговорот за проблемите за решавање на конфликтот во Сирија.

Кери вчера пред Советот за безбедност побара од Русија да го принуди „режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад“ да ги приземји своите воздухопловни сили, со цел да се отвори можноста за воспоставување прекин на огнот.

Претходно, Лавров повика на детална и непристрасна истрага за нападот врз хуманитарниот конвој во Сирија во понеделникот.