САД: Руската војска е одговорна за нападите во Крим

САД сметаат дека токму руската војска, што го окупираше Крим, носи директна одговорност за нападите на полуостровот, изјавил претставникот на Белата куќа, Џеј Карни. Карни истакнал дека нема значење дали нападите се извршуваат од редовни војски или формации без обележја.

Истовремено, Карни ја демантираше изјавата на рускиот претседател Владимир Путин, дека воената интервенција на Русија во Крим ја гарантира безбедноста на овој дел на Украина.