петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 9

САД: Руски претставници сметаат дека авионот на Синај се урнал поради експлозија на бомба

erbas

Поврзани вести

Американското разузнавање пресретнало комуникација на претставници на руските власти, во која тие изнесуваат оценка дека рускиот авион што на 31 октомври се урна на Синај, паднал поради експлозија на бомба, објавија американските медиуми, повикувајќи се на неименуван извор во Администрацијата во Вашингтон.

Египет и Русија досега официјално не ја објавија причината за падот на рускиот „ Ербас А321“ на Синајскиот Полуосторв, при што загинаа сите 224 патници и членови на екипажот.

Двете земји во неколку наврати остро раегираа на тврдењата на западни извори дека во авионот експлодирала бомба.

Денеска се огласи и извршниот дирекот на „ Ербас “, Фабрис Брежие, кој изјави дека првичните податоци од истрагата не даваат никакви докази оти паднатиот руски авион имал некакви технички проблеми.

Според Брежие, причината за уривањето на „Ербасот“ не е во авионот, пренесува МИА.

– Податоците од истрагата не укажуваат дека (падот) се должи на какви и да било технички причини, рече Брежие, додавајќи дека сепак пред донесувањето на некакви заклучоци, треба да се почекаат конечните резултати од истрагата за урувањето на рускиот авион.

Најчитани вести