САД: Рускиот авион е соборен во сирискиот воздушен простор

Соединетите американски држави веруваат дека турските летала пукале во рускиот бомбардер додека тој се наоѓал во воздушниот простор на Сирија, откако на кратко влегол во воздушниот простор на Турција, изјавил денеска за новинската агенција „Ројтерс“, висок американски фукнционер, кој сакал да остане анонимен, пренесува Нетпрес.

Во својата изјава, тој дополнил дека таа проценка била донесена на основа на податоците за количеството на инфрацрвена енергија која ја емитува авионот, се вели во објавената вест.

„Ројтерс“ вчеравечер пренесе изјава на уште еден неименуван американски функционер, кој рекол дека САД веруваат дека упадот на рускиот воен авион во турскиот воздушен простор траел само неколку секунди, по што тој се вратил на територијата на Сирија, каде бил соборен.

Инаку, вчеравечер и руското министерство за одбрана објави сниммка која потврдува дека леталото од типот „Су-24“ ниту во еден момент не го напуштило сирискиот воздушен простор, и дека било нападнато од турските ловци Ф-16 додека изведувало легитимни маневри над Сирија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.